Достапни линкови

Самитот ЕУ - Западен Балкан в среда онлајн


Состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи в среда, 6 мај, преку видео конференциска врска поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти хрватското претседателство со ЕУ. Главна тема на Самитот ќе биде пандемијата со коронавирусот, а лидерите на земјите-членки, како што се наведува во соопштението, ќе ја потврдат перспективата на Западен Балкан и „определеноста на западнобалканските држави да се придржуваат кон европските вредности и начела“.

„ЕУ и Западен Балкан се обединети во борбата против Ковид-19. Самитот ќе овозможи истакнување на меѓусебната солидарност и соработка во време на кризата. ЕУ е најважен партнер на регионот на Западен Балкан, а видео конференцијата ќе го истакне значењето на заедничкиот однос меѓу Унијата и Западен Балкан“, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG