Достапни линкови

Иран постепено ги отвора џамиите од утре


Иран планира повторно да ги отвори џамиите и училиштата во области од земјата каде што бројот на заразени со коронавирусе намален, откако владата на претседателот Хасан Рохани објави дека ги намалува ограничувањата наметнати поради пандемијата.

Џамиите се затворени, а верските собири се забранети од средината на март, кога вирусот започна да се шири во оваа најтешко погодена земја на Блискиот исток.

„Џамиите ќе бидат отворени во 132 градови со мал ризик од понеделник (4 Мај). Сепак, сите овие чекори ќе бидат преземени во согласност со здравствените протоколи“, изјави Рохани на состанокот на Националниот пандемиски комитет.

Иранското Министерство за здравство ја подели земјата во бели, жолти и црвени области врз основа на бројот на заразени и смртни случаи. Министерството денеска објави дека има постепен пад на бројот на заразени лица, при што бројот на загинати е 6.156 а, вкупниот број заразени 96448 лица.

XS
SM
MD
LG