Достапни линкови

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе се задржат до недела, а од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето.

Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

XS
SM
MD
LG