Достапни линкови

Изборите не се во агендата на ДУИ


Али Ахмети и Бујар Османи

Одржувањето на изборите во моментот не е дел од агендата на ДУИ и за тоа дали има услови за избори, во ДУИ сметаат дека треба да каже Комисијата за заразни болести, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи.

„Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто ниту една од темите во агендата на ДУИ. Ние имаме две основни цели – едното е здравствената криза со пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Се друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие две проблеми“, рече Османи.

XS
SM
MD
LG