Достапни линкови

Уапсени 15 турски синдикалци за кршење антикорона мерки


Турската полиција приведе 15-ина претставници на синдикални организации, меѓу кои и лидерот на големата турска синдикална конфедерација ДИСК, Арзу Черкезоглу, бидејќи излегоа на улиците на Истанбул по повод Денот на трудот на 1 мај, и покрај забраната за движење воведена за борба против епидемијата на коронавирусот.

Приведените биле дел од група од околу 50 демонстранти, вклучително и пратеници од опозицијата. Групата тргнала на прошетка до истанбулскиот плоштад Таксим за да го прослави 1 мај. Демонстрантите излегле со заштитни маски, но не ги почитувале правилата за физичка дистанца, пренесе АП.

Турските власти воведоа строг карантин за населението во 30-те населени провинции, вклучително и Истанбул, од денеска до понеделник.

XS
SM
MD
LG