Достапни линкови

Орбан: втор бран на коронавирус во октомври-ноември


Виктор Орбан

Унгарија треба да се подготви за потенцијален втор бран на коронавирусот во октомври-ноември, иако ширењето на вирусот најверојатно ќе биде забавено во текот на летото, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио. „Вирусот не исчезна, ние само некое време победивме“, рече Орбан.

Унгарија го продолжи оганичувањето на движењето на неодредено време

Орбан исто така рече дека ако властите успеат да ја намалат стапката на смртност од пандемијата во Будимпешта, каде што се регистрирани 80 насто од смртните случаи, само тогаш ќе бидат олеснати тековните ограничувања во главниот град. Унгарија ќе укине голем дел од ограничувањата на селата од понеделник. До денеска, во Унгарија има пријавено 2.863 случаи на ковид-19 и 323 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG