Достапни линкови

Рускиот премиер е позитивен на коронавирус


Премиерот на Русија Михаил Мишустин

Премиерот на Русија Михаил Мишустин изјави дека ќе се самоизолира, откако бил позитивен на тестот за коронавирусот. Мишустин посочи дека првиот вицепремиер Андреј Белошов привремено ги извршува своите должности, но премиерот инсистираше на тоа дека ќе остане во контакт на „сите главни теми“. Кремљ подоцна објави дека Путин потпишал указ за назначување на Белошов за вршител на должноста со цел„обезбедување непречено функционирање на владата“.

Путин го продолжи неработниот период поради коронавирусот

54-годишниот Мишустин беше прогласен за премиер во јануари. Неговиот позитивен тест дојде во истиот ден кога Русија забележа нови рекордни 7.099 случаи на коронавирус, со што вкупниот број потврдени инфекции е над 106.000.

XS
SM
MD
LG