Достапни линкови

Самоопределување го оспори мандатот на Хоти за нов премиер


Хашим Тачи и Албин Курти

Шефот на пратеничката група на движењето Самоопределување Реџеп Селими, заедно со потпретседателката на таа партија Арберие Нагавци, доставија барање до Уставниот суд на Косово за оценка на декретот со кој претседателот на државата Хашим Тачи вчера му го предложи на Собранието Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово за премиер на новата влада на земјата.

Тачи му го додели на Хоти мандатот да ја формира новата влада на Косово

Според партијата предводена од вршителот на должноста премиер, Албин Курти, доделувањето мандат на Хоти од страна на Тачи претставува прекршување на Уставот. Оваа партија вели дека единствен начин да се избере нова влада, откако на онаа предводена од нејзиниот лидер Курти на 25 март ѝ беше изгласана недоверба, е организирањето нови парламентарни избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на Ковид-19.

XS
SM
MD
LG