Достапни линкови

Одблокирано доставувањето на хуманитарната помош од семејството Заеви


Хуманитарни пакети од семејството Заеви во Струмица

По речиси 15 часа одблокирана е помошта од хуманитарни пакети од семејството Заеви, која од синоќа беше блокирана пред магацин на улица во Струмица, каде синоќа околу 23 часот упаднале полиција и јавен обвинител, соопшти денеска Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кој учествувале во подготвувањето на пакетите.

Двете полициски возила и полицајците се повлекле денеска околу 13:35 часот, а според Марковски, синоќешниот упад има политичка позадина „конструирана од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ“, во соработка со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој е од неговата партија.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека лица блиски до СДСМ го прекршувале полицискиот час и подготвувале пакети кои власта ги спрема за масовен поткуп на граѓани.

Полиција влегла во магацин со донации од Заеви, СДСМ обвинува за хајка

Струмичкиот јавен обвинител, Миле Петков изјави дека Обвинителството постапило по барање на полицијата.

МВР соопшти дека полицајците синоќа во Струмица легитимирале 11 луѓе со пакети со непозната содржина за да проверат дали имаат дозволи за движење во полициски час. Пакетите, пак, биле задржани се додека не била доставена целокупната документација за нив од страна на Здружението зa хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG