Достапни линкови

Трамп: Кина ќе направи се за да изгубам на изборите


Кина ќе направи сé што може за да изгуби на изборите во ноември, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за новинската агенција Ројтерс.

Трамп рече дека Пекинг се соочува со голем број можни последици од САД во врска со епидемијата, додавајќи дека Кина требаше да го извести светот за инфекцијата многу порано.

„Има многу работи што можам да ги направам. Ние испитуваме што се случило. Кина ќе стори сé што може за да ја изгубам оваа трка“, рече американскиот претседател и додава дека е убеден оти Пекинг сака да го види „својот веројатно демократски предизвикувач, Џо Бајден, како победник на претседателските избори во ноември“.

Трамп вели дека е скептичен во податоците што ја покажуваат можната победа на Бајден.

„Јас не верувам на анкетите. Верувам дека граѓаните на оваа земја се паметни. И не мислам дека тие ќе изберат човек кој е некомпетентен“, рече тој.

XS
SM
MD
LG