Достапни линкови

По две ипол години затвор за штипјаните кои тепаа девојка и се снимаа


Двајцата штипјани кои тепаа нивна сограѓанка и при тоа се снимаа и снимката ја објавија на социјалните мрежи денеска се осудени на по две ипол години затвор.

Пресудата ја донесе Јулијана Неткова, судијка од Основниот суд во Штип. Настанот се случил во јануари годинава, а снимката од тепањето се појави неодамна, по што насилниците беа идентификувани и приведени.

Тие на суд ја признаа вината, се извинија и понудија обештетување на истепаната девојка.

XS
SM
MD
LG