Достапни линкови

Словенија од 18 мај постепено ќе ги отвора градинките и школите


Илустрација - Дезинфекција пред болница во Крањ, Словенија, март 2020 година.

Словенија најави дека од 18 мај почнува со постепено враќање на образовниот процес во нормала, јави МИА од Љубљана. Владата реши најпрво ќе се отворат градинките и училиштата, но само за некои одделенија. Според министерката за образование Симона Костец, во овој момент интензивно се работи на создавање услови за безбедно одвивање на наставата во училиштата, но и за престој на децата во градинките.

„Најпрво ќе ги отвориме градинките и основните училишта за најниските одделенија. Меѓу првите во редовна настава ќе се вратат и учениците кои имаат завршен испит или матура“, изјави Костец за Поп ТВ, пренесува МИА.

Министерката најави дека за сите други ученици, учебната година ќе заврши со предавањата преку интернет.

XS
SM
MD
LG