Достапни линкови

САД ќе го продолжат ембаргото врз Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека Соединетите држави нема да дозволат Иран да купи или да продаде конвенционално оружје откако ќе истече ембаргото на ОН во октомври. Ваквиот потега, според посматрачите, може да го натера Техеран да се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година. „Работиме со Советот за безбедност на ОН за да ја прошириме таа забрана за продажба на оружје и потоа во случај да не можеме да натераме некој друг да дејствува, Соединетите држави ја оценуваат секоја можност за тоа како би можеле да го сториме тоа“, рече Помпео.

САД и Иран во жешка битка на социјалните медиуми

Забраната за продажба на конвенционално оружје на Иран завршува на 23 октомври и беше надополнување на нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили. Соединетите држави се повлекоа од нуклеарната спогодба во 2018 година и наметнаа санкции кон Иран, зголемувајќи ги тензиите на Блискиот исток. Кина и Русија, и двете потписнички на нуклеарниот договор за кои се верува дека сакаат да му продадат оружје на Иран, најверојатно ќе го искористат своето вето во Советот за безбедност за да се спротивстават на продолжување на ембаргото за оружје.

XS
SM
MD
LG