Достапни линкови

ЕУ со помош од 180 милиони евра за Западен Балкан


Знамето на ЕУ пред седиштето на ЕК во Брисел

Европската комисија соопшти денеска дека ќе издвои 180 милиони евра за грантови за помош на земјите од Западен Балкан за справување со пандемијата на коронавирус и нејзините социо-економски последици. Европската инвестициска банка исто така соопшти дека ќе обезбеди 1,7 милијарди евра заем за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

„ЕУ има посебна одговорност и интерес да го предводи глобалниот одговор и да обезбеди помош на партнерите кои имаат потреба, особено оние во нејзиното непосредно соседство. Како дел од своите меѓународни напори, ЕУ дава суштинска и неспоредлива поддршка на Западен Балкан“, соопшти ЕК.

Делегација на ЕУ: Помош од 66 милиони евра за справување со здравствената криза

На почетокот на појавата на коронавирус во Европа, имаше критики дека на ЕУ и требало време да му помогне на Балканот, при што српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини блокот дека ја „напуштил неговата земја“ и упати пофалби кон Кина за нејзината помош за време на кризата. Беа критикувани и ограничувањата за извоз на медицинска опрема од ЕУ во регионот, кои оттогаш се укинати.



XS
SM
MD
LG