Достапни линкови

Оздравени 38, починати 2 и 21 новозаразени со коронавирус


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

„Направен се 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода -12 и МАНУ - 8. Досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид -19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти. Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG