Достапни линкови

2300 медицински лица поминале тренинг за Ковид-19


Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека изминативе четири недели ја реализираше онлајн тренинг програма Covid-19 Response Training, наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онлајн.

Тренингот, како што информира Министерството за здравство, е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници и се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со ковид-19 вирусот.

„Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој“, се наведува во соопштението од Министерството.

Според МЗ, првично била избрана група од 40 медицински лица, 20 леакари и 20 медицински сестри кои ја поминаа четиридневната онлајн обука со обучувачи од Браун Универзитетот од САД . Истите тие потоа направиле обука на близу 2.300 здравствени работници од сите здраветвени установи во земјава.

XS
SM
MD
LG