Достапни линкови

Денеска треба да биде објавен составот на новата влада на Косово


Авдулах Хоти

Кандидатот за нов премиер на Косово, Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово најави дека партиите денеска ќе потпишат договор за нова владејачка коалиција и ќе го најават составот на новата влада. По состанокот со претседателите на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, Рамуш Харадинај и Фатмир Лиам, тој рече дека разговорите за коалицијата завршиле и дека има договор со повеќето партии.

Курти:Тачи пробува да формира Влада без победникот на изборите

Коалицијата ќе го вклучува и Новиот косовски сојуз на Беџет Пацоли, рече Хоти. Демократската партија на Косово најави дека нема да гласа за ниедна влада освен ако не е нејзина и ќе остане во опозиција.

XS
SM
MD
LG