Достапни линкови

Сугарески: Не им држи тезата на транспортерите


Горан Сугарески, министер за транспорт и врски

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по протестот на транспортерите поради покачената акциза на горивата изјави дека е демократско право на секој да протестира, но дека тезата за протестот „не држи“.

„Има три клучни аргументи. Прво, зголемувањето на акцизата е заради солидарност, заради граѓаните на оваа држава и апсолутно не е никаков дополнителен товар за било кого. Второ, цената на нафтата во моментов е помала за 20 денари во однос на јануари и февруари. Денеска со најновото намалување на цената на дизел горивото, таа е најниска во последните 20 години. Уште еден важен аргумент е тоа што цената на нафтата кај нас е најниска во споредба со сите земји од регионот“, рече Сугарески.

Претходно, околу 150 камионџии со вклучени сирени на камионите протестираа со возење од скопски Саем до Владата. Тие бараат укинување на одлуката за зголемување на акцизата за горивата, а како спас за нивниот бизнис бараат воведување прогресивен данок.

XS
SM
MD
LG