Достапни линкови

Протест на камионџиите против зголемената акциза на горивата


Околу 150 камиони денеска возеа од Саем до Владата

Транспортерите со своите камиони и со вклучени сирени денеска протестираа низ центарот на Скопје, пред Владата и пред Собранието, против одлуката за зголемување на акцизата за 3 денари на горивата и побараа нејзино повлекување. Место тоа тие предлагаат проглесивно оданочување за сите стопански субјекти и тоа 0,5 проценти данок на доход за фирмите кои имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, 1% за тие со добивка од 10.000.001 до 200.000.000 денари и 2% данок на доход за сите кои оствариле добивка за 2019 година над 200.000.001 денари.

Протесот, како што најави организаторот од групацијата на транспортни превозници „Макамтранс“, е во согласност со препораките за заштита од коронавирусот. Организаторот вели дека возачите биле излоирани во своите возила, не застануваат по патот и се движеле по определната маршута од Скопски саем до Владата, без застанување и без качување луѓе по пат, како и во една лента за да не предизвикаат застој во сообраќајот.

Спроред организаторот на протесот биле околу 150 камионџии од целата држава.

XS
SM
MD
LG