Достапни линкови

Полицискиот час го прекршиле 42 лица, 32 приведени


Илустрација - Полициски час во Битола

Изминатите 24 часа, на територијата на целата држава, на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација, информираше МВР. Полициските службеници кои вршеле контроли кај лица во изолација и самоизолација, не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

„Што се однесува до забраната за движење, во истиот 24-часовен период на ниво на целата држава 42 лица не го почитувале полицискиот час при што биле приведени 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG