Достапни линкови

Денеска ќе се одлучува за првомајскиот полициски час


Влада на Република Северна Македонија

Владата денеска ќе одлучува каков полициски час ќе има за празникот 1-ви Мај и за првомајскиот викенд како мерка за заштита од коронавирусот, а по препораките на Комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 Мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на Велигденските празници.

„Одлуката ќе биде донесена на седница на Владата. На утринскиот состанок на Штабот јас го изнесов мислењето и на Комисијата која со консензус смета дека треба викендот да биде целосно затворен како што беше оној за Велигден, сега од петок до понеделник“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Вчера министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, изјави дека предложил за престојниот празник да нема ограничување како за Велигден, на што Филипче одговори дека одуката ќе се базира на стручните мислења на надлежните медицински тимови.

XS
SM
MD
LG