Достапни линкови

Градоначалникот на Прага под полициска заштита за можно труење


Градоначалникот на Прага Зденек Хриб

Градоначалникот на Прага Зденек Хриб потврди дека полицијата го чува деноноќно, откако едно чешкото списание Респект објави дека тој и уште еден официјален претставник на чешкиот главен град веројатно биле цел на руски заговор за труење. Министерот за надворешни работи на Чешка, Томаш Петричек, наводно, го предупредил рускиот амбасадор за последици ако се случи нешто со чешките политичари. „Респект“ цитира неименувани безбедносни извори во кои се вели дека осомничен руски разузнавач пристигнал во чешката престолнина пред три недели со дипломатски пасош.

Руската амбасада во Прага ја смени адресата, за да не биде на Плоштад Немцов

Хриб ја вознемири во Москва затоа што ја поддржа одлуката за преименување на плоштадот пред руската амбасада во Прага по убиениот критичар на Кремљ, Борис Немцов. Вториот наводно загрозен градоначалникот на шестиот округ на Прага Ондреј Колар беше критикуван од Кремљ за неодамнешното отстранување на една статуа на советски маршал од Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG