Достапни линкови

Трамп има „многу добра идеја“ за состојбата на водачот на Северна Кореја


Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, Панмунџом, 30.06.2019.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е свесен за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун и се надева дека е во ред. „Не можам да ви кажам точно“, рече Трамп на прес-конференција на прашањето за состојбата на Ким. „Да, имам многу добра идеја, но сега не можам да зборувам за тоа. Само му посакувам добро“. Гласините за лошата здравствена состојба на Ким започнаа да циркулираат откако тој не се појави на комеморацијата на 15 април на 108-от роденден на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив и здрав

Интернет-страницата за вести „Дејли НК“ со седиште во Сеул на 20 април цитираше неименуван извор на Северна Кореја, според кој се вели дека 36-годишниот лидер се опоравува откако поминал кардиоваскуларна процедура на 12 април. Шпекулациите се зголемија дека тој може да биде болен или дури и мртов.

XS
SM
MD
LG