Достапни линкови

Оздравени 53, починати 4 и 13 новозаразени во последните 24 часа


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19 (Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4).

МЗ соопшти дека во последните 24 часа починале 4 пациенти.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок. Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза“, соопшти МЗ.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.

XS
SM
MD
LG