Достапни линкови

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив и здрав


Ким Џонг Ун

Јужна Кореја објави дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е „жив и здрав“, во време на шпекулации за неговото здравје. Советникот за надворешна политика на Јужна Кореја, Мун Џае Јинг, за Си-Ен-Ен изјави дека Ким Џонг Ун е „жив и здрав“ и оти „досега не се забележани сомнителни случувања“.

Сеул: Не се случува ништо што покажува дека Ким е болен

Здравјето на Ким Џонг Ун стана тема во светските медиуми кога не се појави на 15-ти април за да го прослави роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека тврдењата во медиумите дека Ким е сериозно болен не се потврдени, но не кажа дали бил во контакт со претставници на Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG