Достапни линкови

Нуредини - Освен Ковид-19 и загадувањето е животозагрозувачко


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

Луѓето кои живеат во предели каде има поголемо загадување на воздухот се соочени со зголемен ризик за предвремена смрт од Ковид-19, вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој напомена дека оваа теза неодамна ја изнел специјалниот известувач за човекови права и животна средина на ОН, Дејвид Бојд.

„Знаеме дека вирусот главно ги напаѓа белите дробови и аерозагадувањето ја влошува нивната состојба пропорционално на тоа колку се тие изложени на него“, вели тој.Нуредини вели дека тој ја информирал Владата за ова, но за жал, како што потенцира, не може да се смени минатото, но може да се мисли на иднината при креирање на политики за заштита на животната средина.

За тоа колку мерките што се преземаат против коронавирусот се одразиле на животната средина, министерот вели дека забележале дека нивото на азотен диоксид се намалило по воведувањето на полицискиот час, и со тоа се увидело колкав удел има транспортот во аерозагадувањето.

XS
SM
MD
LG