Достапни линкови

Сончево со умерена облачност, попладне можен локален дожд


Скопје

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови, претежно на истокот, ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура се движи од 1 до 7, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 23 степени.

Од почетокот на следната недела ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

XS
SM
MD
LG