Достапни линкови

СЗО – Нема докази дека антителата ги штитат излечените од нова зараза со коронавирус


Илустрација

Светската здравствена организација денеска предупреди дека идејата за давање таканаречени „имунитетски пасоши“ не е добра, зашто во моментов нема докази дека луѓето кои оздравеле од КОВИД-19, и имаат антитела, се заштитени од нова инфекција.

Пред да се започне со евентуалното издавање „имунитетски пасоши“ или „сертификати за непостоење ризик (од зараза)“, за луѓето кои се заштитени од повторна инфекција да може да се вратат на работа, се потребни уште истражувања, велат од СЗО.

„Во овој момент нема доволно докази за ефикасноста на имунитетот врз основа на антитела за да се гарантира исправност на „имунитетскиот пасош“ и „сертификатот за непостоење ризик“, наведе организацијата со седиште во Женева.

СЗО наведува дека луѓето кои претпоставуваат дека се имуни на новата инфекција би можеле да ги игнорираат здравствените совети и дека таквите сертификати би можеле да го зголемат ризикот на продолжување на ширење на вирусот.

За тестовите за антитела на коронавирусот потребна е „дополнителна потврда за да се утврди нивната веродостојност“, додава СЗО.

XS
SM
MD
LG