Достапни линкови

Со Ковид-19 новозаразени 41, а 37 оздравеле


Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатото деноноќие се потврдени 41 случај на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава, со што вкупниот број на заболени достигна 1367 луѓе. Денеска се регистрирани 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Досега се излечени 374 луѓе.

Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања.

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен прекумерна дебелина немал други болести, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на Институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а тестот земен по смртта пристигнал утрово и покажува позитивен резултат. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија. Досега во земјава се регистрирани 59 починати од коронавирус.

XS
SM
MD
LG