Достапни линкови

Саудиска Арабија ја укина казната камшикување


Илустрација: Камшикување

Саудиските власти ја укинаа многу критикуваната казна камшикување, за да ги испочитуваат меѓународните стандарди за човекови права против телесно казнување, се наведува во денешниот документ на Врховниот суд на таа земја.

Саудиска Арабија редовно е мета на критики од невладините организации поради кршењето на човековите права, особено поради казните со камшикување, кои се применуваат за убиство, прекршувања на јавниот ред и мир и за прељуба.

„Врховниот суд одлучи да го укине камшикувањето како казна која може да ја изрече судија“, се наведува во соопштението на највисоката судска институција.

Судот наведува дека судиите отсега ќе изрекуваат затворска или парична казна, или општествено корисна работа, за земјата да ги усклади своите норми со меѓународните стандарди за почитување на човековите права кои забрануваат телесно казнување.

Одлуката е донесена во рамки на реформите за почитување на човековите права под надзор на саудискиот крал Салман и принцот-престолонаследник Мухамед бин Салман.

XS
SM
MD
LG