Достапни линкови

Се поништува тендерот за респираторни машини


Илустрација: Лекар и заболен од коронавирус во Италија

Министерството за здравство денеска информира дека двете компании што го добија тендерот за набавка на 31 респираторни машини ги известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат машините согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.

Во меѓувреме, земјава доби 12 респираторни машини од Европската унија со што се надополнија постојните капацитети. Сега во земјава има над 130 респираторни машини, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто, велат во Министерството.

XS
SM
MD
LG