Достапни линкови

Скринингот во Дебар во тек, досега направени околу 1.300 тестови


Архивска фотографија- Контролен пункт кај Дебар заради коронавирусот

Во Дебар и Центар Жупа, двете општини кои беа првото жариште на коронавирусот во државава, во тек е скринингот за имунитетот на населението. Според 14 матични лекари, направени се околу 1.300 тестови,.

„Со тестирање почнавме од вчера и до денеска со екипата од мојата амбуланта имаме направено над 120 тестови. Јас како матичен лекар треба да направам 240 тестови што е околу 30 отсто од вкупниот број осигуреници чиј матичен лекар сум јас. Напорно е бидејќи даваме и други здравствени услуги, но сепак во интерес на здравјето на нашите граѓани ќе ја реализираме и оваа обврска“, изјави за МИА,Африм Маќелара, матичен лекар.

Додава дека, врз основа на препораката од Министертвото за здравство, тестирањето ќе се врши на четири категории осигуреници и тоа на деца до четири годишна возраст, потоа од пет до 14 години, од 25 до 64 години, како и на лица над 65 години. Тоа значи ќе бидат опфатени 30 отсто од осигурениците или над 2.300 лица.

Инаку, според директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, на домашно лекување во Дебар се уште две лица заразени од „Ковид-19“,од нив еден здравствен работник.

XS
SM
MD
LG