Достапни линкови

Владата објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски


Влада на Република Северна Македонија

Владата објави Јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот за време на вонредната состојба. Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100 отсто памук, грамажа: 140-160 гр/м2 и промена на димензиите при перење и сушење (собирање) на 95°C максимум пет отсто, на јаток максимум еден отсто, соопшти владината прес-служба.

Право на учество во Јавниот повик, како што се посочува, имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик и тоа: испорака на најмалку 2.000 маски дневно, испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје, единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор, единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата, за материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се достави извештај од извршена лабораториска анализа издаден од страна на овластена лабораторија, со примерок од маската во прилог.

XS
SM
MD
LG