Достапни линкови

Почна скринингот за Ковид-19 во Дебар и Центар Жупа


Дебар

Во општините Дебар и Центар Жупа, каде беа регистрирани првите болни од Кореонавирус, денеска стартуваше скринингот, односно тестирањето на 30 проценти од населението во согласност со одлуката на Министерството за здраство.

Како што јави нашиот дописник од дебар, раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар, епидемиологот Ментор Мела, информираше дека за оваа цел во Дебар се пристигнати 2342 тестови, кои ќе ги реализираат 17 матични лекари, матилни педијатри и матични гинеколози во општините Дебар и Центар Жупа. Мела нагласи дека тестирањето ќе се врши на четири категории на возрасти и тоа од нула години до 4 години, од 5 до 14 години, од 25 до 64 години како и категорија на лица над 65 години.

Мела нагласи дека на средбата со матилните лекари е договорено тестирањето да се спроведе што побрзо. Мела прашан за состојбата со болните изјави дека од вкупно 51 болен, од кои 4 се починати, над 90 отсто од болните се излекувани. Според него утре специјална екипа на лекари специјалисти предводени од епидемиологот Мела, ќе извршат посета на веке оздравените болни од Коронавирус.

XS
SM
MD
LG