Достапни линкови

33-ца го прекршиле полицискиот час, 25 приведени


Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според статистиката на МВР, во изминатото деноноќие на 112 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници, соопшти денеска МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

XS
SM
MD
LG