Достапни линкови

ОН предупредуваат дека пандемијата „брзо станува“ криза за човекови права


Обединатите Нации предупредуваат дека пандемијата на коронавирусот „брзо станува“ криза за човекови права бидејќи владите спроведуваат рестриктивни мерки. Генералниот секретар Антонио Гутереш предупредува на дискриминацијата во достапност на јавните услуги поради структурни нееднаквости што го спречува пристапот до нив. Тој во своето видео обраќање додаде и дека во светот е забележан пораст на говорот на омраза, таргетирање на ранливи групи и ризици од тешки безбедносни одговори кои го поткопуваат здравствениот одговор.

Без конкретно да посочи во која земја, Гутереш предупреди дека со „растечкиот етнонационализам, популизам и авторитаризам и притисок врз човековите права во некои земја, кризата може да обезбеди изговор за репресивни мерки кои не се поврзани со пандемијата“ .

Податоците покажуваат дека сега во светот се заразени над 2,6 милиони луѓе , 725 илјади оздравени и над 180 илјади починати.

XS
SM
MD
LG