Достапни линкови

Османи и Адеми негативен на Ковид-19


Бујар Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за Ковид-19 и дека резултатот е негативен, но додава дека според правилата, треба да остане во изолација уште седум дена, по што ќе му биде направен и втор тест.

Османи е еден од владините челници кои мораа да одат во самоизолација по состанок во Куманово на кој беше и градоначалникот Максим Димитриевски, а за кој еден ден подоцна беше соопштено дека е позитивен на коронавирусот. Покрај Османи, на состанокот беа и премиерот Оливер Спасовски и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми, кои исто така отидоа во самоизолација.

Денеска и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, информираше дека резултатите од неговиот тест за коронавирус биле негативн.

Претходно, поради контакт со коронапозитивен новинар, иако имаа негативни тестови, во изолација отидоа и лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

XS
SM
MD
LG