Достапни линкови

„Голема поделба“ меѓу членките на ЕУ за помошта за обновување


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел

Лидери на ЕУ денеска се состануваат преку видео врска за да се обидат да најдат одговор како да го започнат опоравувањето на нивните економии по пандемијата на коронавирусот. Од нив се очекува да дадат привремен договор за искористување на следниот долгорочен буџет на блокот за создавање на Фонд, но има многу спорни детали, што значи дека не се очекува конечен договор.

Три милијарди евра помош преку „Тим Европа“ за Македонија и соседството

Постои „голема поделба“ помеѓу земјите-членки на ЕУ за тоа дали помошта за обновување од коронавирусот треба да биде како субвенции или заеми, изјави за Ројтерс неименуван официјален претставник на Унијата.„За некои земји-членки важно е да имаме грантови или субвенции, додека за други може да бидат само заеми. Постои голема поделба и треба да го најдеме вистинскиот биланс“, рече тој, додавајќи дека прашањето е кои алатки ќе се користат за солидарност - еврообврзници или нешто друго.

XS
SM
MD
LG