Достапни линкови

ЕК: Србија не доби помош бидејќи не виде потреба да ја побара


Србија не виде потреба да контактира со Меѓународниот монетарен фонд за финансиска поддршка, па затоа беше исклучена од групата земји што ќе добијат мaкрофинансиска помош од Европската комисија (ЕК), потврдуваат за Радио Слободна Европа од седиштето на ЕК.

Како што објаснија претставниците на ЕК, еден од критериумите за учество на државите во овој омнибус е дали тие побарале од ММФ итна помош за ликвидност, како што e случајот со Инструментот за брзо финансирање.

„Услугите на Европската комисија и претставија на Србија можност за помош од ММФ во контекст на готов инструмент за брзо финансирање. Српските власти не гледаат потреба за надворешна финансиска помош во овој момент и одлучија да не се обратат до ММФ за финансиска поддршка,“ изјавија од ЕК за РСЕ.

Европската комисија денес усвои предлог пакет за макрофинансиска помош од 3 милијарди евра за земјите кои се во процесот на проширување и соседните партнери со цел да им се помогне да ги намалат ефектите од пандемијата со КОВИД-19.

XS
SM
MD
LG