Достапни линкови

Персоналот на „Педијатрија Д“ во Дебар излекуван од Ковид-19


д-р Арбен Аголи

По повеќе од еден месец, денеска повторно започна со работа детската амбуланта Педиатрија Д во Дебар, која престана со работа поради тоа што целиот медицински оперсонал беше заразан со Коронавирус, јави нашиот дописник од Дебар.

Педијатарот д-р Арбен Аголи за Радио Слободна Европа изјави дека „по извршените дополнителни тестирања и земени брисеви, цел персонал – двајца специјалисти педијатри и три медеицински сестри - се излекувани.

„Персоналот во законските рокови беше во домашна изолација и беше лекуван успешно“, рече Аголи и додаде дека детската амбуланта е отворена и работи во согласност со мерките на владата.

XS
SM
MD
LG