Достапни линкови

Намалување на бројот на заразени со коронавирус во Косово


Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се регистрирани шест нови случаи на лица заразени од новиот коронавирус, како и петмина излекувани и три смртни случаи.

Ова претставува видно намалување на бројот на новозаразени, со оглед дека во претходните четири дена беа регистрирани вкупно околу 150 нови случаи кои од извршените лабораториски тестирања резултираа заболени од Ковид-19, пренесе МИА од Приштина.

Според официјалните статистики, вклучително вчерашните податоци, од појавата на епидемијата во Косово се евидентирани вкупно 604 заразени, од кои 18 починале, додека 128 се излекувани.

XS
SM
MD
LG