Достапни линкови

Сеул: Не се случува ништо што покажува дека Ким е болен


Ким Јонг Ун последен пат во јавноста е забележан на 11 април кога претседавал со политичкото биро на Работничката партија.

Се чини дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги раководи државничките работи во Северна Кореја, соопшти официјален Сеул, по непотврдените информации за влошеното здравје на Ун, по наводната операција на срцето, пренесе АП.

Претседателот на Сината куќа соопшти дека не е откриена необична активност во Северна Кореја и нема информации за гласините за здравјето на Ким. Севернокорејскиот лидер го пропуштил роденденот на својот дедо, по што се појавија информации дека неговото здравје е во лоша состојба. Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен изјавил дека постои загриженост и оти состојбата му е критична.

Сомнеж за овие информации искажа и Кина. Официјално соопштение од Северна Кореја засега сѐ уште нема.

XS
SM
MD
LG