Достапни линкови

Британската кралица дискретно ќе го одбележи роденденот поради коронавирусот


Британската кралица Елизабета Втора

Британската кралица Елизабета Втора денеска дискретно ќе го прослави својот роденден без традиционалното почесно славење што таа го гледа како „несоодветно“ среде епидемија на коронавирус во која починаа неколку илјади луѓе во Британија. Кралицата денеска полни 94 години. Нејзиниот роденден се одбележува секоја година со почесна стрелба во Лондон и Виндзор, околу 40 километри оддалечен од главниот град.

Кралицата Елизабета Втора: ќе успееме против коронавирусот

Бакингемската палата претходно објави дека оваа година нема да има воена парада, која обично е закажана во јуни кога официјално се слави роденденот на кралицата. Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој има 98 години, се во замокот Виндзор поради епидемијата.

XS
SM
MD
LG