Достапни линкови

МЗ - Центарот за јавно здравје Велес продолжува со нормална работа


Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа, соопштија од Министерството за здравство. Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, од Министерството за здравство информираат дека истиот продолжува со работа како и досега. Од таму додаваат дека е направена ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.

„Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епидемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот Центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето“, велат од Министерството.

Во текот на денешниот ден од Министерство наведуваат дека се прават и ќе бидат завршени епидемиолошки анкети и на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG