Достапни линкови

Олабавување на анти-корона мерките во Србија


Националното Собрание во Белград.

Српската Влада одлучи да ублажи дел од мерките за спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19.

Со новите мерки граѓаните постари од 65 години, кои досега само еднаш неделно можеа да излезат од домовите, од утре тоа ќе можат да го прават три пати неделно по половина час, во вторник, в петок и в недела, помеѓу 18 часот и еден часот по полноќ.

Почнувајќи од вторник, 21 април, се дозволува работа на работодавачите од областа на пружање на услуги, како што се автомеханичарски и вулканизерски дејности, чевлари, кројачи, хемиско чистење, училиштата за обука на возачи, како и на работодавачите од областа на трговијата на мало – книжарници, трговци со моторни возила, велосипеди, наутички и технички стоки, градежни материјали.

Од утре се отвараат и зелените пазари (на отворен и затворен простор) со задолжителна примена на сите мерки на заштита.

Оние кои сè уште не можат да ја продолжат својата работа се објектите чијашто работа вклучува собирање голем број на луѓе, како што се продавниците лоцирани во трговски центри. Исто така, сè уште не е дозволена работата на оние активности кои вклучуваат близок физички контакт, така што фризерските салони, салоните за убавина, вежбалниците и фитнес центрите и понатаму остануваат затворени.

XS
SM
MD
LG