Достапни линкови

Курти - Српската донација на тестови не треба да се политизира


Албин Курти

Претседателот во оставка на владата на Косово, Албин Курти изјави дека не треба да се политизира тоа што Србија донираше тестови за коронавирусот на Косово. Тој денеска на прес-конференција рече Косово докажало дека не прави разлика меѓу граѓаните по општини, партии, старост, пол, вера и етничка припадност. Курти додаде дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе одлучат како ќе ги искористат сите тестови со кои располага Косово.

„Ние не дискриминираме и убеден сум дека доколку Косово одбие да ги земе тие тестови, ќе биде обвинето дека се однесува ирационално и ќе се политизира еден гест кон не е таков. Тоа не треба да се прифати како политички гест“, рече Курти.

Тој додава дека земјата сака добрососедски односи и што поголема регионална соработка во заедничката борба со коронавирусот.

Косовската опозиција критикуваше што владата на Курти ја прифатила оваа донација.

XS
SM
MD
LG