Достапни линкови

Напади во неколку нигериски села, убиени над 45 цивили


Илустрација

Вооружена група убила најмалку 47 луѓе, меѓу кои жени и деца, во шест нигериски села. Нападот се случил откако локалното население добило помош за борба против новиот коронавирус, јави АП.

Локалните жители тврдат дека откриле најмалку 70 тела, како и оти им се запалени и ограбени домовите, а нигериската армија и полиција го истражува нападот. Според очевидците, напаѓачите вооружени со софистицирано оружје, на мопеди упаднале во селата и тие кои одбиле да им дадат храна и пари биле претепани или стрелани.

XS
SM
MD
LG