Достапни линкови

Османи: Пристигна и последната пратка кинеска помош


Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој е задолжен и за организација на странските донации во вонредната состојба поради епидемијата на коронавирусот, на својот Фејсбук профил објави дека пристигнала последната пратка од помошта во тестови и лична заштитна опрема од Кина.

„Пристигна и последната пратка од Кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“, објави Османи.

XS
SM
MD
LG