Достапни линкови

Пензиите од петок преку банкомати, препорача Владата


Илустрација

Од петок, 24 април, според препораката на Владата, банките треба да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Владата исто така го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.

Им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари; Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

XS
SM
MD
LG