Достапни линкови

Трамп и Ердоган се согласија за соработка против коронавирусoт


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган - архивска фотографија

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган се согласија во телефонски разговор во неделата да работат заедно против заканата од коронавирусот, соопшти турското претседателство. Двајцата лидери „се согласија да ја продолжат тесната соработка против заканите што пандемијата на коронавирусот ги поставува на јавното здравство и на нашите економии“, се вели во соопштението без да се даваат детали.

Трамп и Ердоган повикаа на прекин на огнот во Сирија и Либија

Трамп и Ердоган разговараа по телефон и кон крајот на март. САД имаат најголем број на заразени во светот, повеќе од 750.000, а Турција е на седмото место, со 86.306 потврдени случаи на инфекција. Турските власти соопштија вчера дека во земјата починале 127 лица како резултат на инфекција со коронарна вирус, зголемувајќи го бројот на жртвите на 2.017 лица денес. Бројот на нови пациенти е 3.977.

XS
SM
MD
LG